Pоранешниот претседател на турскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коча, излезе од притвор по скандалот што го предизвика кога физички го нападна главниот судија Халил Мелер, кој доби тешки телесни повреди.
Коча излегол на слобода со кауција, но ќе мора да се пријавува кај органите на редот секој ден до 9. јануари, за кога е закажано првото рочиште.
Поранешниот претседател доби доживотна забрана за било каква функција во фудбалот, а му се заканува и затворска казна во траење од шест месеци до пет години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА