Нереални сцени од Турција: Навивачите на двата лути ривали се обединија, фудбалерите дочекани како херои (ВИДЕО/ ФОТО)

Фудбалерите на Фенербахче и Галатасарај не успеаја да го одиграат финалето на турскиот Суперкуп во Ријад, Саудиска Арабија, откако го откажаа дуелот поради тоа што домаќините не им дозволија на фудбалерите на двата тима да ја одбележат „100-годишнината од модерната турска држава“ со тоа што на терен ќе излезат со маици на творецот на модерна Турција, Кемал Ататурк.

Тие планирале и транспарент на кој требало да биде испишан цитатот на Ататурк: „Мир дома, мир во светот“, но властите во Саудиска Арабија не го дозволија тоа.

Токму тие случувања ја обединија цела Турција. Двата тима доцна синоќа со чартер летови веднаш се вратија во Истанбул како како херои беа пречекани од навивачите на двата тима кои овој пат, иако лути ривали, беа заедно во пречекот на своите миленици.

Нереални сцени имаше во Турција на гушнати навивачи на Фенербахче и Галатасарај… Светот го обиколи и фотографијата на која навивач на Галатасарај на раце носеше навивач на Фенербахче со слика со Кемал Ататурк, испраќајќи порака дека на сите Турци државата им е многу позначајна од фудбалскиот ривалитет.

Се вчитува...