Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се соочува со голем проблем откако во текот на сезоната остана без стандардните фудбалери кои ја покриваат позицијата лев бек. Довербата на почетокот на сезоната му беше доделена на Енди Робертсон, но капитенот на Шкотска се повреди настапувајќи за националниот тим.
Неговото место го замени Костас Цимикас, но и грчкиот репрезентативец ќе биде надвор од терените на подолго време по тешката повреда стекната на мечот против Арсенал.
Тоа го приморува германскиот стратег на непланирано засилување оваа зима, а според англиските медиуми изборот паднал на поранешниот фудбалер на Евертон, Ентони Робинсон.
Американскиот репрезентативец потекнува од младинската школа на големиот градски ривал, но никогаш не доби вистинска шанса во дресот на Евертон. По неколкуте позајмици премина во Фулам каде е стандарден од 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА