Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и американската гимнастичарка Симоне Бајлс според Меѓународната асоцијација на спортски новинари (AIPS) во избор во кој гласаа 405 новинари од 107 земји.
Во доминантната година Србинот беше далеку пред конкуренцијата. Ѓоковиќ освои три од четири грен-слем турнири и беше дел од финалето на четвртиот. Зад него се најде шведскиот скокач со стап Арман Дуплантис (335), а на третото аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (277).
Бајлс која по двегодишно отсуство се врати на големата сцена и го освои златниот медал во севкупниот натпревар на светското првенство во Антверпен, Белгија и уште три златни медали на греда, на под и во екипна конкуренција освои 353 поени. Втора заврши кениската атлетичарка Фејт Кипјегон, а трета беше шпанската фудбалерка Аитана Бонмати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА