Неочекуван трансфер се случи во последниот ден од оваа календарска година, откако Анадолу Ефес објави дека ја прекинува соработката со Анте Жижиќ.
Хрватскиот центар имаше значајна улога во последните години, но сезонава не беше најстандарден кај новиот тренер. Ефес преку клупско соопштение објави дека ја прекинува соработката со Жижиќ посакувајќи му многу среќа во иднина, по што беше јасно дека Жижиќ веќе има договорено трансфер во нов клуб.
Десетина минута по соопштението на Ефес, италијанскиот тим Виртус Болоња објави дека потпишал договор со Хрватот. Италијанскиот тим пред неколку дена објави дека незгодна повреда заработил резервниот центар Дакук, а ангажманот на Жижиќ јасно става до знаење дека Виртус планира да продолжи со добри игри во Евролигата и да атакува на место на фајналфор турнирот од елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА