Од преселбата на Меси во Мајами најмногу профитирал неговиот сосед

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси по крајот на кариерата во Европа се пресели во Соединетите американски држави каде продолжи да блеска во дресот на Интер Мајами. Преселбата на Меси во тамошното првенство донесе и далеку поскапи билети за натпреварите, а неговиот ефект има влијание и на пазарот на недвижности.

Меси во Мајами ја најде идеалната куќа за него и неговото семејство на обалата Форт Лодердејл, затворена заедница која важи за една од најсигурните во овој американски град. А, од преселбата на Аргентинецот профитираше и неговиот сосед, претприемачот и јутјубер Патрик Бет-Дејвид кој својата приказна ја откри за медиумите.

„Откако Меси се досели до мојата куќа сите сакаат да купат куќа во овој дел. Постојано доаѓаат бродови со странци кои сакаат да купат тука куќа. До сега според проценките, вредноста на мојата куќа порасна за 25 милиони долари. Сите сакаат да живеат тука. Ние сме затворена заедница на остров, постои само еден влез. Ова е сигурна заедница и се надевам дека така ќе остане“, изјави Бет-Дејвид.

Се вчитува...