Неверојатно: Во НБА и дел од маскотите се милионери (ВИДЕО)

Спортот во Соединетите американски држави оддамна важни за вистински спектакл. Американците на натпреварите гледаат првично како забава, а резултатите се во втор план. И покрај тоа што атмосферата не е ни приближно блиску до онаа во Европа, на гледачите на трибините воопшто не им е досадно.

За тоа се грижат маскотите кои ја анимираат публиката и ги смеат навивачите. Маскоти имаат најголем дел од франшизите без разлика за кој спорт станува збор, а во американските медиуми се појави информација за нивата заработка.

Просечно истата е од 40 до 70 илјади долари на годишно ниво, но препознатливите маскоти заработуваат далеку повеќе. Заштитниот знак на Бостон Ред Сокс „Вили“ заработува околку 250 илјади долари на годишно ниво што е пет пати повеќе од просечната плата во САД.

А, пак најпопуларната маскота во НБА лигата, маскотата на Денвер Нагетс „Роки“ е милионер со заработка од неверојатни 625 илјади долари годишно. Покрај претпознатливоста тој е способен да постигне кош од половина терен, а е интересен и меѓу навивачите на трибините каде често со лудориите се наоѓа на социјалните мрежи.

Милионски заработки низ кариерата имаат и маскотите на Атланта и Чикаго, попуарните „Хери“ и „Бени“ со примања од 600, односно 400 илјади долари годишно.

Се вчитува...