Елиф Елмас од утре ќе се појави на подготовките на Лајпцг, а самиот трансфер на македонскиот репрезентативец придонесе од овој клуб да си замине португалскиот талент Фабио Карвалјо.
Овој играч пристигна минатото лето на позајмица од Ливерпул, но Карвалјо речиси и да не добиваше шанса да ги покаже своите квалитети. Незадоволен беше фудбалерот, но исто така и челниците на Ливерпул, кои претходно добиле ветувања за значителна минутажа за својот талент, а откако Елмас беше доведен во клубот стана јасно дека статусот на Португалецот воопшто нема да се подобри во вториот дел од сезоната.
Поради тоа, двата клуба се договорија за прекин на договорот за позајмица, по што Карвалјо се враќа назад во Ливерпул. Се очекува неговиот престој на „Енфилд“ да не биде премногу долг бидејќи Клоп сака да го испрати на позајмица во некој нов клуб каде би имал посериозна минутажа и би си ја зголемил самодовербата. Како опција се споменува и преселба во Чемпионшип-дивизијата, каде сериозен интерес за овој фудбалер искажува Саутемптон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

