Микел Артета беше видно разочаран откако Арсенал претрпе неочекуван пораз на гостувањето против Фулам од 2-1. „Топчиите“ имаа предност од 0-1 со голот на Букајо Сака, но примија два погодоци и го претрпеа и вториот пораз во низа од лондонски ривал, откако пред само неколку дена беа поразени и на домашен терен од Вест Хем.
Со тоа, актуелниот вицешампион пропушти шанса да ја заврши календарската 2023 година на чело на премиерлигашката табела.
„Ова беше страшно, болен и тажен ден за нас и за сите навивачи на Арсенал. Имавме шанса да бидеме први на табелата по 20 кола, а ние го одигравме најлошиот натпревар сезонава. Пред три дена загубивме од Вест Хем меч што не заслуживме да го загубиме, но против Фулам не заслуживме апсолутно ништо. Ова апсолутно никогаш не смее да ни се повтори, бидејќи со вакви натпревари само се оддалечуваме од желбите што ги имаме за пласман на оваа сезона. Сите заедно треба да се погледнеме во огледало и да си признаеме дека одигравме ужасно“, истакна Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

