Некогаш херој, а сега ќе биде „врзан“ за клупата на Барса на стартот од 2024 година?

Португалскиот интернационалец Жоао Феликс ќе биде првиот фудбалер кој во новата 2024 година ќе си замине од Барселона. „АС“ пишува дека тренерот на тимот Чави ќе го „отпише“ играчот на Атлетико во првите натпревари во Новата година.

Португалецот откако дојде беше прв избор на Чави на левата крилна позиција, но на почетокот на годинава тоа ќе биде друг играч – Феран Торес.

Феликс многу го разочарал Чави на последните неколку натпревари кога Барселона влезе во мала криза, па токну од тука тој ќе биде „жртвата“ на тренерот на Барселона.

Исто така доажањето на Виктор Роке само ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот, па Феликс може многу веројатно да стане и „вишок“.

Се вчитува...