Напаѓачот на Рома, Паоло Дибала може да ја напушти Рома за само 13 милиони евра. Тој има клаузула која стапува во сила од денеска, по која тој има клаузула која вели дека за само 13 милиони може да оди во клуб. Но, условот е заинтересираниот клуб да не биде од Италија.
Среќна околност е тоа што Аргентинецот засега не размислува да го напушти Рим, па би можел да остане и натаму дел од „волчицата“ и покрај оваа клаузула.
Сепак, некоја понуда од Саудиска Арабија би можела да го смени мислењето на офанзивниот фудбалер, со оглед дека даваат многу пари и за самите играчи, кои не можат да ги добијат ниту во најдобрите европски лиги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА