Аргентинскиот фудбалски сојуз ќе го повлече дресот со број 10 откако Лионел Меси ќе се прости од репрезентацијата. Историската одлука ја најави претседателот на федерацијата, Клаудио Тапија кој не кажа кога тоа ќе се случи, односно уште колку Меси ќе игра за Аргентина.
Меси во 2022 година ја однесе Аргентина на светскиот трон, и со тоа го освои трофејот кој му недостасуваше, откако во изминатите години доби многу критики дека во националниот тим не го даваше она што го даваше за клубовите.
„Кога ќе се прости од репрезентацијата, никој повеќе нема да ја носи десетката. Тоа е најмалку што можеме да сториме за него откако стори многу за аргентинскиот фудбал“, рече Тапија.
Меси за националниот тим одигра 180 натпревари и постигна 106 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА