Ѓоковиќ честиташе Нова година на кинески јазик, Олга Даниловиќ воодушевено не можеше да верува што гледа и слуша (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на повеќе од интересен начин, го искористи Јунајтед Куп на кинески јазик да му честита Нова година на целиот свет.

На сето тоа урнебесна беше реакцијата на неговата колешка Олга Даниловиќ која не знајеќи дека зборува кинески воодушевено не можеше да верува што гледа и што слуша…

„Среќна Нова Година! Како сте? Ви благодариме за поддршката! Ве сакам сите во Кина, мои добри пријатели“ – рече Новак онака од прва, за да потоа заедно се изнасмеат со Даниловиќ која воодушевено го следеше заедно со тренерот Виктор Троицки.

Ѓоковиќ во минатото откри дека зборува најмалку пет светски јазици, а неговата сопруга Јелена откри дека нешто помалку знае кинески, а покрај англиски, француски, шпански, италијански знае и руски јазик.

„Колку јазици зборувам? Четири, можеби пет! Благодарен сум на тенисот што ми даде можност да патувам низ светот и да ги научам сите тие јазици“ – рече Ѓоковиќ.

Се вчитува...