Хрват е МВП на месец декември во Евролигата

Хрватскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Марио Хезонја е прогласен за најкорисен играч на месец декември во Евролигата.

Хезонја го предводеше шпанскиот тим до пет победи во месец декември забележувајќи 18 поени во победата против Олимпијакос, 19 против Панатинаикос, а успешната низа ја продолжи и на натпреварите против Баерн Минхен, Црвена Звезда и Партизан за просек од 16 поени и 5 скокови по натпревар за 24 минути поминати на теренот.

Се вчитува...