Милан Ристовски е нов фудбалер на чешки Бохемианс

Во првиот ден од Новата година, трансфер направи македонскиот репрезентативен напаѓач Милан Ристовски. Тој од Спартак Трнава премина во чешкиот тим Бохемианс, потврди чешкиот клуб на својата официјална веб страница.

Чешкиот тим не објави на колку години е договорот, но само дека потпишал повеќегодишен договор.

Ристовски во минатото беше дел од Ријека, од каде мина како позајмен во Кршко, Нитра и Спартак Трнава, пред словачкиот клуб да го откупи неговиот договор во 2021 година. По две години минати во тимот од Трнава, и играње во Лигата на конференции оваа сезона, македонскиот репрезентативец сега ќе има нов предизвик, и з првпат ќе настапува во Чешка.

Се вчитува...