Проблеми за Ѓоковиќ пред Австралија опен

Десниот зглоб на раката беше проблем за Новак Ѓоковиќ на вториот ден од Јунајтед купот. По поразот од Олга Даниловиќ во дуелот со Маркета Вонрушова од Чешка, Ѓоковиќ излезе на теренот и успеа да израмни на 1-1 против Јиржи Лехечка.

Сепак, фановите на Србинот ги загрижи тоа што тој дури двапати бараше медицинска помош на мечод со Чехот. Го мачеше споменатиот зглоб, но на крајот сепак успеа да го приведе натпреварот до крај и да слави со резултат 6-1, 6-7 (3), 6-1.

Неговата победа значеше и дека дуелот со Чесите ќе го решаваат мешаните двојки, но Новак реши да не настапи во него. Тоа дополнително ја зголеми загриженоста за ситуацијата со повреди непосредно пред почетокот на Австралија опен.

„Не изгледа добро, но успеав да победам. Не е прв ниту последен пат да се случуваат такви работи. Мора да се најде решение. Ќе видиме што ќе се случи понатаму”, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...