Триесет и четиригодишниот атлетичар од Уганда, Бенџамин Киплагат, беше пронајден мртов на последниот ден од 2023 година во Кенија. Полицијата го пронашла неговото тело со повеќе убодни рани.
Киплагат ја претставуваше Уганда три пати на Олимпијадата. Тој беше полуфиналист на 3000 метри стиплчез на Игрите во Лондон и јуниорски светски шампион во оваа дисциплина. Според медиумите, тој бил пронајден во автомобил со повеќе убодни рани на градите и вратот во близина на кенискиот град Елдорет.
Кениската полиција објави дека започнала истрага. Светската атлетика преку соопштение објави дека е шокирана и тажна поради смртта на Киплагат.
Родениот Кениец, Киплагат ја претставуваше Уганда на Олимписките игри во Пекинг 2008, Лондон 2012 и Рио 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА