Десниот зглоб на раката беше проблем за Новак Ѓоковиќ на вториот ден од Јунајтед купот. По поразот од Олга Даниловиќ во дуелот со Маркета Вонрушова од Чешка, Ѓоковиќ излезе на теренот и успеа да израмни на 1-1 против Јиржи Лехечка.
Фановите на Србинот ги загрижи тоа што тој дури двапати бараше медицинска помош на мечод со Чехот. Сепак, тоа не беше единствениот проблем за Србинот на мечот со Лехечка. Тој во еден момент се закани дека ќе го напушти теренот. Причина за нервозата на Новак беа рефлекторите кои беа вклучени и очигледно му сметаа на српскиот тенисер.
Тој во еден момент дојде до судијата и побара да се изгасат рефлекторите заканувајќи се дека нема да го продолжи мечот. Потоа разговараше и со супервизорот на Јунајтед купот, но на крајот одлучи да го продолжи мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

