Ракометната репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за Европското првенство во Германија, во кое покрај домаќинот за противник „црвено-жолтите“ ќе ги имаат и Франција и Швајцарија.
Еден од најмладите во репрезентацијата, дефанзивецот, Едвин Омерагиќ во гостување на МТВ рече дека желбата е голема буквално кај сите ракометари.
„Ние сме млади играчи, за дел од нас ова ќе биде прво големо натпреварување, но токму затоа желбата за докажување е голема, а истата ќе придонесе да го дадеме маскимумот на терен. Играме против три големи репрезентации. Да не заборавиме дека и Швајцарија е силна, има играчи кои се активни на европска сцена. Што се однесува до Франција и до Германија, за какви противници станува збор и со каков предизвик треба да се соочиме доволно говори фактот дека се главни кандидати за медал. Иако на хартија најмалку се очекува од нас и дел од репрезентациите ќе не потеценат, ние ќе покажеме „заби“. Сакаме да покажеме дека вредиме и достојано да ја претставиме Македонија. Создадовме одлична атмосфера за време на подготовките во Стара Пазова, што пак е многу важно пред настап на едно вакво големо натпреварување“, изјави Омерагиќ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА