Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Рафаел Надал на победнички начин се врати на тениските терени по долгата пауза која траеше скоро една година, односно од Австралија опен минатата сезона.
Шпанецот во воведното коло на турнирот во Бризбејн со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-1 славеше над австрискиот тенисер Доминик Тим. Мечот беше неизвесен до 5-5 во првиот сет, кога популарниот Рафа со серија од 7-1 во гемови ги разреши сите дилеми околу победникот.
Во второто коло Надал за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу домашниот Кублер и Русинот, Карацев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

