Врвен играч, „тапа“ тренер – Вејн Руни доби отказ од Бирмингем

Вејн Руни е уште еден во серијата докази дека не секој врвен фудбалер може со успех да ја извршува и тренерската функција. Легендарниот англиски голгетер во октомври пристигна на клупата на Бирмингем, најавувајќи атак на место кое значи влез во Премиер-лигата.

Нецели три месеци подоцна, Руни утрово доби отказ од функцијата, по серијата катастрофални резултати што ги имаше, откако вчера загуби лесно и убедливо од Лидс со 3-0. Бирмингем има најмалку освоени бодови откако Руни дојде на клупата, стигнувајќи до само десет бода на 15 одиграни натпреври, со две победи, четири порази и дури девет порази.

„Би сакал да им се заблагодарам на челниците на Бирмингем за поддршката што ми ја даваа во овој краток период во клубот. Фудбалот е бизнис во кој најважни се резултатите и јасно ми е дека нашите резултати не беа онакви какви што посакувавме. Искрено, не верувам дека 13 седмици беа доволно време за да се спроведат промените што беа неопходни во клубот. Ова е големо разочарување за кое ќе ми треба време да го надминам, но верувам дека можам успешно да ја извршувам оваа професија“, порача Вејн Руни.

Се вчитува...