Црвена Звезда продолжува со „ремонтот“ во играчкиот кадар, а покрај засилувањата се договара и за заминување на дел од кошаркарите на кои тренерот Сферопулос не смета сериозно за вториот дел од сезоната.
Марко Симоновиќ е најновиот кошаркар на излезна врата од таборот на „црвено-белите“, откако црногорскиот репрезентативец речиси и да не доби шанса кај Сферопулос, иако сосема солидно ја користеше минутажата на стартот на сезоната под водство на Душко Ивановиќ. Тој беше незадоволен од улогата во тимот, па на крајот беше договорено Симоновиќ да се пресели во турски Бешикташ, и тоа на позајмица до крајот на сезонава.
Симоновиќ минатото лето потпиша тригодишен договор со Црвена Звезда, па АБА-вицешампионот на крајот од сезонава ќе реши дали да го задржи или ќе го продаде на некој од заинтересираните тимови.
Црвена Звезда минатиот месец го ангажираше Гилеспи од Баерн Минхен како засилување за центарската позиција. Пред Симоновиќ, тимот го напушти и Кузмиќ, кој кариерата ја продолжи во АБА-лигашот ФМП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА