Лука Модриќ повторно ја одби понудата од Саудиска Арабија за веќе во јануари да си замине од Реал МАдрид и да направи мегатрансфер во оваа земја.
Актуелниот договор со Реал што го има Модриќ истекува за шест месеци, но тренерот Карло Анчелоти не ја отфрли можноста Лука летово да потпише нов договор со „кралевите“.
„Модриќ има договор што истекува за шест месеци. Можам да кажам дека тој самиот одлучува што ќе направи, самиот одлучува до кога сака да остане во Реал Мадрид. Сите знаат дека јас имав понуда да бидам селектор на Бразил, разговарав на оваа тема, но кога стигна понудата да останам во Реал не се двоумев ниту секунда“, истакна Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

