Ѓоковиќ урлаше на Иванишевиќ: Не е во ред, не е во ред… штом те прашувам не е во ред! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ славеше на Јунајтед Куп во Перт, но ниту во моментите кога заигра навистина добро во третиот сет против Лехецка кој го доби со 6-1, не можеше да остане мирен.

Па за време на паузата, и покрај тоа што во тие моменти поведе и со 3-0 во сетот, почна да урла на целиот свој тим.

„Што е со вас? Ако те прашувам, значи не е се во ред“ – му се обрати Ѓоковиќ директно на својот тренер Горан Иванишевиќ.

На тоа следеше реплика од Иванишевиќ…

„Играш добар тенис бре…, се е во ред“ – одговори повторно Иванишевиќ смирувајќи ја ситуацијата, на која е веќе е навикнат затоа што Ѓоковиќ не ретко се насочува на својот тим за време на натпреварите.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...