Баерн Минхен со трансфер на сензационален голгетер директно ја ослабнува конкуренцијата

Еден од фудбалерите кој го одбележа првиот дел од сезоната во „топ 5“ првенствата несомнено е Серу Гуираси, голгетерот на Штутгарт кој на 16 настапи во Бундеслигата постигна 19 голови со што го вивна овој клуб на третото место на табелата и го привлече вниманието на најголемите европски клубови меѓу кои е и Баерн Минхен.

Актуелниот шампион на Германија е добро познат по ангажманот на најдобрите фудбалери кои настапуваат на оваа сцена, а се поизвесно е дека тоа ќе биде случајот и со 27-годишниот репрезентативец на Гвинеја, пренесуваат германските медиуми.

Гуираси во договорот со Штутгарт има откупна клаузула од 20 милиони евра, сума која воопшто не претставува проблем за баварците и воедно е „кражба“ со оглед на тоа што популарниот „Трансфермаркт“ го проценува на 40 милиони евра.

Очекувањата се дека во следниот период ќе бидат и официјално започнати преговори за трансфер, но останува отворено прашањето дали со преселба ќе дојде во зимскиот преоден рок или пак тој ќе остане на позајмица до крајот на сезоната.

Се вчитува...