Легендата на Баерн Минхен е нова трансфер-цел на Манчестер Јунајтед

Лошиот прв дел од сезоната на Манчестер Јунајтед во која тимот претрпе елиминација од европските натпреварувања, а се мачи и во Премиерлигата каде во моментот е на седмото место на табелата го примора англискиот великан на промени овој јануари, а по неколкуте ангажмани на млади фудбалери, овој пат целта е на „Олд Трафорд“ да пристигне ново засилување со богато искуство.

Изборот паднал на легндата на Баерн Минхен, Томас Милер, пренесуваат англиските медиуми. Германскиот репрезентативец има договор со баварците до крајот на следната сезона, а и покрај тоа што првичните информации велеа дека ќе добие продолжување на истиот, интересот од Манчестер Јунајтед може да ја промени желбата на 34-годишникот да ја заврши кариерата на домашно тло.

Но, за да се реализира трансферот овој јануари Манчестер Јунајтед прво ќе мора да продава. На трансфер листата на „црвените ѓаволи“ се наоѓаат дури осум фудбалери од кои најзвучните имиња се Касемиро, Џејдон Санчо и Ентони Марсијал.

Се вчитува...