Револт кај Шкупи: Одлуката Град Скопје да додели средства само на Вардар е дискриминаторска!

Град Скопје пред новогодишните празници донесе одлука да додели 200.000 евра парични средства наменети за ФК Вардар, како помош до крајот на сезоната во Првата македонската фудбалска лига.

Сето тоа наиде на револт кај Шкупи од чие раководство нагласуваат дека позитивна е одлуката да се дава помош на спортските клубови од градот, но дискриминаторски е кога сето тоа се прави само за еден клуб.

СООПШТЕНИЕТО ОД ФК ШКУПИ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Неодамна ја добивме веста дека Град Скопје нуди финансиска помош за фудбалските клубови од Скопје и оваа вест ја примивме со големо задоволство и го цениме фактот што Град Скопје ги помага и поддржува клубовите кои го претставуваат градот, придонесувајќи за дополнителен развој.

Но, она што не загрижи и не ни е јасно е фактот дека ФК Шкупи е тимот кој во последните пет години најдобро го претставува градот во европските натпреварувања. И покрај тоа што сме клуб кој ја претставува државата, а не само градот, изненадени сме зошто Градот Скопје не виде соодветно да одвои финансиски средства за нашиот клуб. Прашуваме дали тие што ја донеле оваа одлука не го гледаат Шкупи како дел од градот Скопје или како фудбалски клуб од С. Македонија?

Ваквиот однос на Град Скопје кон граѓаните на Чаир и воопшто кон нашиот клуб го сметаме за доста дискриминаторски.

Можеби Шкупи нема политичка поддршка, но сите треба да знаат дека Шкупи никогаш не се откажува од своите цели и е клуб кој може да опстане сам. Сепак, сакаме да им порачаме на оние кои ја донеле оваа одлука дека треба што поскоро да ги поправат своите грешки. Оваа дискриминација носи само штета за сите и нема корист. Сите кои се вклучени во оваа одлука се одговорни за оваа дискриминација.

Со почит,
ФК Шкупи

Се вчитува...