Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ испрати порака до својот голем ривал Рафаел Надал по неговото враќање на терените, уште еднаш покажувајќи ја својата човечка големина.
„Добре дојде назад“ – напиша Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил заедно со фотографија од Рафаел Надал.
Надал не беше на терените од Австралија Опен минатата година, што значи речиси 12 месеци. Сега се врати в Бризбејн со победата над Доминик Тим од 7-5, 6-1. И веднаш доби порака со добредојде назад на терените од Ѓоковиќ…

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

