Рајо Ваљекано дојде и до петтата победа сезонава во 19. коло од Ла Лига, триумфирајќи со 0-2 на гостувањето против Гетафе.
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше одличен на голот на гостите, сочувајќи празна мрежа, на крај за сосема заслужен триумф на Рајо Ваљекано.
Камело беше херојот на гостите со двата погодоци, во 45. и во 47. минута за нови три бода на Рајо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

