Санчо блиску до „кам-бек“ во Дортмунд, позајмица до крајот на сезоната

Џејдон Санчо се враќа во Борусија Дортмунд во јануарскиот преоден рок. Најпрво како позајмица, која Борусија ќе ја плати три милиони во следните шест месеци на Манчестер, а потоа да има можност за откуп на неговиот договор од Јунајтед.

Веќе неколку месеци се шпекулираше за враќањето на Санчо во Борусија, но во спротивен правец требаше да замине Донјел Мален. Меѓутоа „милионерите“ не сакаа да се откажат од Холанѓанецот, па затоа сега најреална варијанта е позајмица.

Санчо беше дел од Борусија Дортмунд од 2017 до 2021 година, пред да направи трансфер во Манчестер Јунајтед 2021 година за сума од 85 милиони евра. Но, во ниту еден миг не ги оправда вложените средства, и затоа беше отстранет од првиот тим на Јунајтед.

Се вчитува...