Кошаркарите на Црвена Звезда имаа одличен почеток на 2024 година, откако го совладаа Фенербахче во Истанбул во 18. коло во Евролигата.
„Црвено-белите“ така успеаја и вторпат да го „земат скалпот“ на турскиот тим во Евролигата, откако претходно во Белград до „демолираа“ со 31 разлика.
Иако важеше за аутсајдер пред мечот, со оглед дека Фенер беше во серија на победи од доаѓањето на Јасикевичиус, сепак, со фантастична тимска игра и со одлична одбрана успеа да го „скрши“ турскиот гигант.
Српскиот тим го запиша и седмиот триумф во елитното натпреварување. Боломбој беше најефикасен со 24 поени.
Во вториот меч вечерва, Жалгирис со 77-71 го совлада тимот на Алба Берлин. Литванскиот тим стигна до победата благодарение на одличната втора четвртина која ја доби со 26-16.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА