Макаби Тел Авив како домаќин го совлада тимот на Монако со 93-83. Израелскиот тим имаше одлично прво полувреме, кое го заврши со предност од 14 разлика, и до крај само ја одржи.
Колсон од Макаби и Џејмс од Монако беа најефикасни во своите редови со по 27 поени.
Во Пиреја, Олимпијакос за малку ќе направеше од готово – вересија. Грчкиот тим имаше огромна предност после одличните вториот и третиот период, и во последниот влезе со предност од 10 разлика. Меѓутоа во финишот Олимпија Милано успеа да дојде до „егал“, но на крајот со тројка и со два поени Олимпијакос стигна до победата 79-74.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА