После тешката повреда на играчот од средниот ред Гави, Барселона сака да донесе засилување во средниот ред за пролетниот дел од сезоната. Јасно е дека одбраната на титулата ќе биде тешка мисија за „Каталонците“, но тренерот Чави сака да го нападне првото место „крадејќи“ играч на хитот во Шпанија оваа сезона, тимот на Џирона.
Алеикс Гарсија е еден од играчите кои се интересни за каталонскиот гигант. Станува збор за капитен на Џирона, откако го сврте вниманието со одличните настапи во есенскиот дел од сезоната.
Шпанските медиуми тврдат дека наскоро Барселона ќе тргне по неговиот потпис, но засега тренерот е убеден дека капитенот нема да го напушти тимот.
„Моето чувство е дека Алеикс нема да замине, но многу би ме заболело ако тоа се случи, без разлика каде ќе оди. Треба да бидеме реални и да кажеме дека ние не сме на нивото на Барселона“, изјави Мичел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

