Премиерлигата му одзема бодови на уште еден тим и по вторпат го казнува Евертон?

Нотингем Форест би можел да биде вториот тим од Премиерлигта кој ќе биде казнет со одземање на бодови во ова сезона. Според „Атлетик“, поранешниот европски првак може да ја доживее судбината на Евертон и да биде казнет поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј.

Според најновите правила на лигата, клубовите треба да го остават финансискиот извештај за претходната сезона до 31 декември, а не како што беше досега до март.

Форест донесе 42 нови играчи откако се врати во Премиерлигата, па клубот треба да врати дел од трошоците и да биде внимателен во следниот преоден рок.

Во овој тим веруваа дека продажбата на Џонсон на Тотенхем ќе ги балансира сметките, но овој трансфер можеби нема да биде доволен.

Од друга страна, Евертон, кој беше казнет со одземање на 10 бодови, е во опасност повторно да добие иста казна, и дополнително да ја искомплицира ситуацијата околу опстанокот. Тимот од Ливерпул влезе во серија на добри резултати, и покрај одземените бодови „исплива“ во безбедна зона на табелата.

Се вчитува...