Џејмс Милнер се искачи на второто место со најмногу одиграни мечеви во Премиерлигата

Со вчерашниот настап на мечот со Вест Хем, играчот на Брајтон Џејмс Милнер стигна до второто место на вечната листа на играчи со најмногу одиграни натпревари во англиската Премиерлига.

37-годишниот Минер го одигра својот 632 меч во Премиелигата, досгинтнувајќи го легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс.

Милнер ќе го брка рекордот на Герет Бери кој е прв на оваа листа со 653. Јасно е дека на Милнер ќе му треба уште една сезона да игра стандарно, за да го достигне Бери.

Милнер покрај Брајтон, во минатото играше за Ливерпул, Манчестер Сити, Астон Вила, Њукасл и Лидс.

Се вчитува...