Нејмар организирал крстарење на кое познат јутјубер се фрлил од бродот

Во Бразил трае потрага за познатиот јутјубер Карлос Алберот Мота Кандрева. Популарниот бразилски Ди-џеј се води како исчезнат од 30 декември, откако се фрлил од брод во морето, но и натаму не е пронајдено неговото тело.

Крстарењето на бродот го организирал познатиот бразилски фудбалер Нејмар, кој во моментов се опоравува од повреда, но и натаму не се огласил за оваа ситуација.

На бродот биле познати манекенки и инфлуенсери, како што пишуваат странските медиуми, Кандрева наводно се фрлил во море откако се скарал со девојката. Кандрева наводно открил дека девојката го изневерува, а воедно западнал и во долгови.

Бразилските истражители влегле во петтиот ден од потрагата, и засега нема трага од познатиот јутјубер.

Се вчитува...