Загрижувачка повреда на зглобот на Ѓоковиќ токму пред Австралија опен, загуби по 43 победи по ред на австралиско тло

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ загуби во четвртфиналето меѓу Србија и Австралија на Јунајтед куп од Алекс Де Минаур со 4-6 и 4-6.

Но, она што вистински ги загрижува неговите фанови е тоа што има повреда на зглобот на десната рака која се чини дека не е нималку наивна.

Од осмиот гем на денешниот меч, па до крајот, Ѓоковиќ не можеше да игра со сите свои сили поради што следеше поразот од Де Минаур кого минатата година на Австралија опен го победи убедливо дозволувајќи му само пет освоени гема во трите сета.

Сега, на 12 дена пред стартот на Австралија опен, ќе мора да ја санира повредата ако сака максимална подготвеност за првиот грандслем турнир во годината. Инаку, ова е прв пораз на Ѓоковиќ по цели шест години и 43 едноподруго победи на австралиско тло.

Се вчитува...