Трагични вести од Хрватска. Почина 18-годишната хрватска вицешампионка во карате, Ника Бркиќ, објави Хрватскиот карате сојуз.
Бркиќ пред само три месеци го освои златниот медал на 21. карате фест во Дарувар, за да сега сосема неочекувано почине, притоа без официјално да се познати причините за смртта.
„Зборовите тешко може да ја изразат болката која ја чувствуваме со губењето на саканата Ника Бркиќ. Ника не само што беше врвна каратистка, туку и личност која ширеше позитивна енергија околу себе. Ќе се сеќаваме по нејзината преданост кон спортот и големото срце. Нека нејзината душа си најде мир, а нејзиното семејство и пријателите пронајдат сила и заедништво. Почивај во мир драга Ника“ – објавија од Хрватскиот карате сојуз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

