Фудбалерот кој Барса го избрка во 2021, сега прави трансфер вреден 60 милиони евра

Францускиот репрезентативец Жан Клер Тодибо е пред реализација на трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед, пренесуваат француските медиуми.

24-годишниот стопер на Ница има одлични настапи сезонава во францускиот шампионат, поради што и не е изненадување интересот од англиските гиганти.

Интересно, Тодибо е фудбалер кој во 2021 година беше буквално избркан од редовите на Барселона а сега е пред трансфер вреден 60 милиони евра, колку што е проценета неговата вредност. Барселона во 2019 година го купи од Тулуз за еден милион евра, но незадоволна од него по само пет одиграни натпревари за само 8 милиони евра го продаде во Ница.

Тоа беше вистински потег за Тодибо кој се препороди и сега го чека голем трансфер, сосема извесно во англиската Премиерлига.

Се вчитува...