Миовски со порака: Не можев да посакам поубав почеток на новата година (фото)

Бојан Миовски извонредно ја стартуваше новата 2024 година, постигнувајќи гол и асистенција во победата од 0-3 што Абердин ја забележа на гостувањето против Рос Каунти.

Македонецот со тоа само потврди дека е еден од најдобрите напаѓачи во шкотската Премиер-лига, со право поврзуван со трансфер во текот на зимскиот преоден рок.

Миовски денеска се јави и на социјалните мрежи, со фотографија од победничкиот натпревар и порака: Не можев да посакам подобар почеток на новата година.

Се вчитува...