Поранешниот јужноафрикански параолимписки шампион Оскар Писториус ќе биде ослободен од затвор на условна слобода во петок речиси 11 години откако ја уби својата девојка.
„Како и другите лица на условна слобода, на Писториус не му е дозволено да дава интервјуа за медиумите. Фактот што Писториус и е познат на пошироката јавност не го прави различен од другите притвореници и не оправдува посебен третман“, се вели во соопштението.
Оскар Писториус (37) доби условна слобода на крајот на ноември и треба да биде пуштен од затвор во предградието на Преторија во петок. Официјалните лица не го открија времето или логистичките детали од „безбедносни“ причини. На новинарите присутни пред затворот нема да им се даде можност да го фотографираат или снимаат Писториус, предупреди управата на затворот.
На 14. февруари 2013 година, во својот дом во Преторија, Писториус ја застрела својата девојка Рива Стенкамп преку затворена врата од бањата, бидејќи мислел дека има провалник во куќата. Обвинителите тврдеа дека 29-годишната манекенка и реалити ѕвезда по расправија втрчала во бањата, а Писториус ја убил во напад на бес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА