OФИЦИЈАЛНО: Даниел Аврамовски е нов фудбалер на Болуспор

Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски денеска и официјално беше претставен за нов играч на турскиот фудбалски второлигаш Болуспор. Тој по две години поминати во Сараево се одлучи оваа зима да ја промени средината.

Ова за Аврамовски ќе биде кам-бек во турскиот фудбал, откако претходно беше член на Кајзериспор, од каде што и дојде во Сараево. Неговата кариера почна во Работнички, по што настапуваше за Македонија Ѓорче Петров пред да се пресели во Црвена Звезда.

 

Се вчитува...