Реал Мадрид ја стартуваше 2024 година со победа откако во крајно интересен натпревар вечерва на домашен терен славеше над жилвата Мајорка со минимални 1-0 во 19. коло во шпанската Ла лига.
Гостите и тоа како беа одличен ривал на овој меч. На двапати ја погодуваа рамката на голот на Лунин, но сепак не успеаја да стигнат до изненадувачко водство. Клучниот момент се случи во 78. минута кога по центаршутот на Лука Модриќ, Антонио Ридигер ги постави конечните 1-0.
Real Madrid [1] – 0 Mallorca – Rüdiger 78'
byu/MarcoRuss insoccer
Во вториот меч од програмата во 19.15 часот Селта Виго славеше над Реал Бетис со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

