Новалијата на прволигашката сцена во македонската кошарка, Охрид по 13. одиграни кола се наоѓа на последното место на табелата со скор од две победи и 11 порази, а за да избори опстанок во „елитата“ и следната сезона ќе има уште потешка задача откако отана без својот најдобар кошаркар Брајант Бернард.
Дваесетишестгодишниот американски бек кој во македонското првенство бележеше просек од 16.2 поени, 4.5 скокови, 3.8 асистенции и 2.4 украдени топки по натпревар кариерата ќе ја продолжи во словачкото првенство каде ќе ги брани боите на Комарно, клубот кој на стартот на сезоната беше предводен од македонскиот стартег Горан Самарџиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА