Ниту неверојатниот Мората не успеа да ја сопре „бајката“ на Жирона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Жирона продолжуваат да бидат хит во шпанскиот шампионат и во новата 2024 година откако вечерва во дерби натпреварот на 19. коло на домашен терен во голеада славеа над Атлетико Мадрид со 4-3.

Домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Валери уште во 2. минута од натпреварот. Гостите израмнија на 1-1 преку Алваро Мората во 14. минута. Ново водство (2-1) за Жирона донесе Савио во 26. минута, додека 3-1 беа дело на Дејли Блинд. До крајот на првото полувреме Мората со својот втор гол успеа да намали на 3-2.

Повторно неверојатниот Алваро Мората беше главен актер на теренот откако во 54. минута со својот хет-трик израмни на 3-3. Сепак, домаќините некако успеаја да стигнат до полн плен откако злато вредниот гол за 4-3 го постигна Мартин во 91. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...