Мурињо: Немам преговори со Бразил

Откако стана јасно дека Карло Анчелоти нема да биде селектор на Бразил, најтрофејната селекција бара нов предводник, но мора да го најде што побрзо, односно пред настапите во Копа Америка.

Се шпекулираше дека една од опциите за нов селектор на „селесао“ е актуелниот тренер на Рома, Жозе Мурињо. Португалецот има договор со „волчицата“ до крајот на сезоната, но демантираше дека има преговори со Бразил за преземање на репрезентацијата.

„Ниту јас, ниту мојот агент не бил контактиран од никого од Бразил за селекторското место“, изјави Мурињо по натпреварот со Кремонезе во Купот на Италија.

Се вчитува...