Симеоне: Ако Жирона продолжи вака…

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не го криеше своето разочарување од поразот од Жирона 4-3 во првиот натпревар годината во Ла Лига за неговиот тим.

Симеоне, сепак, истакна дека имало и добри мигови за неговиот тим во поразот.

„Сакам да ги земеме сите позитивни работи од мечот. Немавме добар почеток, во првите 25 минути Жирона не надигра, но кога напаѓавме покажавме колку можеме да бидеме опасни. Успеавме да израмниме, и во целина имавме супер второ полувреме. Момците дадоа се од себе, морав да менувам поради замор, а потоа дојде голот во последната минута и загубивме. Им честитам на ?Жирона, ако продолжат вака, ќе имаат уште многу победи“, рече Симеоне кој за битката за титулата кажа дека е лошо што неговиот тим загубил од директен конкурент.

Се вчитува...