Хитот на Бундеслигата ќе остане во Штутгарт, не сака да биде резерва во поголемите клубови

Серу Гираси најверојатно нема да си оди од Штутгарт во зимскиот преоден рок. И покрај интересот од Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд и неко и други клубови, сепак, фудбалерот кој стана хит во Бундеслигата, најверојатно ќе остане во таборот на „Швабите“ до крајот на сезоната.

Меѓу главните причини се и учеството на Гираси во Африканскиот куп на Нации, и сака да се фокусира на настапите за селекцијата, и да не размислува за трансфер. Исто така Гираси не сака да биде резерва, туку сака да игра, а во поголемите клубови тешко дека некој ќе му гарантира минутажа.

Во последно време за напаѓачот се интересира и Баерн Минхен, но таму се знае дека прв избор е Хари Кејн, и дека нема да биде прва опција.

Се вчитува...