Серијал на „Нетфликс“ за Мурињо: „Ќе видите дека сум целосен идиот“

Рома синоќа славеше со пресврт со 2-1 против Кремонезе во финишот од мечот во Купот на Италија и избори дуел против Лацио во четвртфиналето.

Но, Жозе Мурињо воопшто не беше задоволен од играта на неговиот тим, по мечот повеќе зборувајќи за документарна серија за него која треба да почне да се прикажува на Нетфликс.

„Не верувам дека од Рома преговараат со другите тренери зад мојот грб, иако можеби повеќе и не ме сакаат. Сепак, има нешто интересно кое ќе ви го откријам сега. Од следната недела ќе почне емитувањето на серијата за мене, на Нетфликс. Таа ја покрива целата моја кариера, во неа има работи кои никогаш никому не сум ги кажал. Во таа серија ќе откриете дека сум целосен идиот. Потполно луд“ – истакна Мурињо.

Португалскиот стратег има договор со Рома до крајот на сезоната. Мурињо веќе се поврзува со Њукасл и бразилската репрезентација, но тврди дека се се тоа само шпекулации.

Се вчитува...