Црвена Звезда и Партизан вечерва од 20 часот во „Штарк арена“ ја играат големата дерби пресметка во 19. коло од Евролигата.
Интерес за натпреварот има како никогаш претходно, па домашниот клуб беше принуден да пушти дополнителен контигент билети за вечерашниот дуел.
Пред два дена имаше огромни редови пред стадионот „Рајко Митиќ“ во битката за билет, а сега следи нов контигент.
„Нивото 400 ќе биде во продажба денеска пуштено дополнително. Покрај сезонскиот билет, ќе може да купите уште по два билети до натпреварот“ – објави Црвена Звезда.
Dodatni kontigent ulaznica (Nivo 400) biće u prodaji na Blagajni Štark Arene (južna strana). Uz sezonsku kartu možete kupiti do 2 ulaznice do utakmice 🔴⚪️#kkcz #WeAreTheTeam pic.twitter.com/AVaO0liPGa
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) January 4, 2024
Јасно е дека Арената ќе биде преполна, но гостински навивачи нема да има.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА